Најскапиот трговски центар во светот

Кога ќе помислите на трговски центар, веднаш помислуваме на места како ГТЦ, Рамстор, Веро, односно, на места каде што тинејџерите се дружат и купуваат работи кои на другите места би биле поскапи. Во трговските центри купуваме за време на празници и се шетаме кога надвор е ладно:). Но, дали ова важи и за најскапиот трговски центар на светот? Бавдаи трговскиот центар во Дубаи комбинира голем избор на интернационални и домашни брендови, храна, накит, сето тоа сместено во околу 400 продавници. Овој трговски центар со сите благодети кои што ги нуди, вреди 2.7 милијарди долари и во него можете да доживеете скоро се. Фамилијарниот центар за забава, кој што опфаќа 10.000 квадратни метри ви ги нуди највозбудливите ролеркостери, театри, центри за куглање и богата понуда на храна од различни светски кујни.

Posted in Занимливости, Почетна | Tagged , , | Leave a comment

Google Docs достапни на Google+ Hangouts

Ако сте редовен корисник на Google+ Hangouts, можеби ќе бидетет заинтересирани за новата опција која што Google+ ја додаде , а тоа е пристапот до вашите документи од Google+ Hangouts. Кога ќе се вклучите на Google+ Hangout, ќе забележите ново копче “Docs”, па ако го притиснете ќе добиете пристап до вашите документи, а исто така ќе можете истите да ги споделувате со вашите пријатели со кои што разговарате на Google+ Hangout. Оваа опција исто така ви овозможува да додадете нов документ во Google Docs, а потоа ќе ви ги излиста сите документи кои што се достапни за да ги споделите со вашите пријатели. Google исто така им овозможи на своите корисници многу лесно да се префрлат од Google Docs додека разговарате во Google+ Hangout , овозможувајќи им да изменуваат повеќе документи наеднаш.

Posted in Uncategorized, Новости, Почетна, Технологија | Tagged , | Leave a comment

Колку чини користењето Интернет?

Колку чини користењето Интернет?Околу 100-200 милијарди долари годишно. Ова прашање би можело да се преформулира: Колку се вкупните оперативни трошоци на глоболната Интернет индустрија? Интернет индустријата е доста конкурентна, така што трошоците не се драматично помали од заработувачката. Па, тогаш, колку е вкупниот глобален профит на Интернет индустријата? Според проценките на фирмите кои што го анализираа пазарот во 2011 година, вкупниот профит на оваа индустрија е 196 милијарди долари. Според еден извештај од 2012 година, годишниот профит на Американската Интернет индустрија изнесува 45 милијарди долари. Друг извештај од 2010 година го пресметува профитот околу 20 милијарди долари. Ако го земеме во предвид фактот дека Американската економија завзема една четвртина од светската економија, тогаш пресметката излегува некаде од 80-180 милијарди долари годишно. Бидејќи Американците најмногу го користат Интернетот во однос на луѓето од другите земји во светот, тоа значи дека пресметките на светско ниво ќе бидат помали, да речеме околу 100 милијарди долари во  просек.

Posted in Занимливости, Почетна | Tagged , | Leave a comment

PayPal Објавува Нов Сервис За Плаќање Преку Мобилен Телефон

PayPal мобилен сервис за плаќањеОваа недела беше објавено дека PayPal развива нов сервис за плаќање преку мобилен телефон. Овој нов метод ќе работат на ист начин како Square кој што е веќе достапен, и моментално се справува со трансакции од 4 милијарди долари секоја година. Новиот PayPal систем ќе им овозможи на корисниците да можат да плаќаат со кредитни картички преку паметните телефони, кои што ќе бидат директно конектирани со уредот преку кој ќе имаат директен пристап со PayPal апликацијата. Новиот сервис се очекува да биде презентиран оваа недела, на семинар кој што ќе се одржи во Сан Франциско, и ќе биде во директен натпревар со лајковите од Square, Verifone и Intuit.

Posted in Новости, Почетна, Технологија | Tagged , , | Leave a comment

Путин Реизбран

Путин реизбран

Путин реизбран

После вториот мандат, следува трет. Владимир Путин и покрај мрачните сценарија кои што се предвидуваа, повторно доби подршка од 45.110.000 гласачи кои што кажаа Да за модерна Русија. При обраќањето пред околу сто илјади луѓе, претседателот  Владимир Путин се расплака, подоцна тврдејќи дека солзите биле предизвикани од силниот ветер. Путин по трет пат доби подршка од 63.75% од граѓаните, и покрај тоа што ОБСЕ тврдеше дека изборите не биле фер демократски и за време на истите се јавиле голем број прекршувања. Лидерот на комунистичката партија Зјуганов, одби ја признае победата на својот ривал, велејќи дека изборите не биле транспарентни. Путин ќе продолжи со својот трет мандат како претседател, и ќе продолжи со својата работа, после чесната битка што ја издвои над своите противкандидати.

Posted in Новости, Политика, Почетна | Tagged | Leave a comment

Индиска Фирма Заинтересирана за Македонскиот Пазар

Индиска Фирма Заинтересирана за Македонскиот Пазар

Индиска Фирма Заинтересирана за Македонскиот Пазар

На бизнис форумот кој што се одржа во Индија, премиерот на Република Македонија г-дин Никола Груевски ја презентираше нашата земја и бизнис можностите кои што истата ги нуди. На бизнис форумот во Њу Делхи присуствуваа околу 120 индиски фирми, меѓу кои најголем интерес за Македонија покажа Субарти Рој, еден од 25те најмоќни бизнисмени во Индија, сопственик на Сахара Груп. Премиерот лично го покани господинот Рој, да дојде во нашата земја, за да се увери самиот во можностите и услувите кои што ги нуди, со што се надева дека ќе се зајакнат деловните односи со Индија и ќе се започне заедничка соработка. Груевски уште еднаш го Охрабри Индискиот гигант да инвестира во нашата земја, ветувајќи бенефиции за двете земји и поддршка од владините институции.

Posted in Економија, Новости, Почетна | Tagged , , | Leave a comment

Како Да Основате Своја Фирма?

Како да основате своја фирма?

Како да основате своја фирма?

Многу луѓе имаат идеи за да започнат свој бизнис, но можеби никој не се осмелува и поради фактот што секојдневно слушаме најразлични муабети за тоа колку е тешко да си имаш работа со администрација. И тоа не е далеку од вистината, меѓутоа не е така тешко како што можеби изгледа. За да го остварите својот сон, првиот чекор што треба да го направите е да одите во некоја од канцелариите на Централен Регистар, во зависност од тоа во кој град живеете, а доколку нема канцеларија во вашиот град, веќе е пуштено во употреба електронското пријавување и поднесување документи. На шалтерот за Основање на фирма, ќе ви бидат врачени апликации кои што треба да ги пополните, со соодветни уплати кои доаѓаат понатаму.  Износот кој што ќе треба да го уплатите за основање фирма изнесува околу 4600 денари. Доколку фирмата е основана на домашна адреса, годишната такса за фирма изнесува околу 10.000 денари. Доколку ја основате во деловен простор изнесува 8.000 денари. Согласно Законот за трговски друштва, фирмата може да биде назначена како ТП или Трговец Поединец, ДОО или Дрштво со Ограничена Одговорност, ДООЕЛ или Друштво со Ограничена Одговорност на Едно Лице итн. После тоа, потребно е да најдете проценител, и да отворите сметка во некоја од банките која што сам и ќе ја изберете како банка на фирмата. Од Централниот Регистар добивате даночен и матичен број на фирмата, кој всушност претставува еден вид идентификационен број на вашата фирма. Со документ кој што го добивате од Централниот регистар си вадите печати факсимил и штембил кои што слушат за потпис на вашата фирма. Ви посакуваме среќа.

Posted in Административни работи, Почетна | Tagged , | Leave a comment

Работи За Домаќинки и Домаќини

Работи За Домаќинки и Домаќини

Работи За Домаќинки и Домаќини

Во оваа ера на фамилии со приходи само од едниот брачиот партнер, сите се прашуваат како да донесат дома повеќе пари. Но што би можеле да работат родителите од дома? Ако навистина сакате да заработите, во прилог ви откриваме неколку работи кои слободно можете да ги работите од дома, без да се прашувате како се вашите деца, дали јаделе, дали спиеле или учеле за тестот по математика.

  1. Хоноарна работа.  Од пишување до преводи и дизајнирање, оваа работа нуди многу можности за оние кои што се вешти во нешто, а немаат работа. Можеби приходите не се секој месец стабилни, меѓутоа со неколку проекти би можеле да заработите солидни пари за вашата фамилија, а во исто време да си ги оджувате вештините кои што ги поседувате. Да не ја заборавиме и работната навика.
  2. Директна продажба. Сигурни сме дека секоја жена досега барем еднаш има купено производ од Авон или Орифлејм. Ако досега имате работено такво нешто, можете да се поврзете со вашите пријателки, па нарачките да ги правите електронски, а вашите клиенти да ги вршат истите од електронскиот каталог од гореспоменатите фирми.
  3. Негувателка. Кога и онака ќе го поминете целио ден со вашите деца, зошто не би викнале и други деца да се придружат на забавата? Грижата за деца од дома и те како барана работа, особено сега, со целата таа пренатрупаност во градинките и игротеките. Се што треба да направите е добро да се изрекламирате и пред се, да оставите впечаток на доверлива личност, некој може да добие погрешен впечаток.
  4. Книговодител. Ја напуштивте работната позиција, поради тоа што сакавте да поминувате повеќе време со вашите деца, но гледате дека останува по некој слободен саат. Зошто да не го искористите за нешто друго полезно? Не морате да водите повеќе фирми, посветете се на онолку колку што мислите дека би можеле да постигнете.
Posted in Идеја за бизнис, Почетна | Tagged , | Leave a comment

Интересни Факти За Бил Гејтс

Интересни Факти За Бил Гејтс

Интересни Факти За Бил Гејтс

Можеби веќе не е најбогатиот човек на светот, меѓутоа сеуште е дел од таа клапа:). Еве неколку интересни факти за овој претприемач, филантроп и татко на Microsoft и уште две деца:) :

  • Бил Гејтс зараборува $250 во секунда, а тоа е околу $20 милиони на ден или $7.8 милијарди годишно;
  • Ако на Бил Гејтс од џеб му паднат илјада долари, не мора да се мачи да ги земе, бидејќи за оние 4 секунди кои ќе му бидат потребни да се наведне да ги земе парите, тој веќе ќе ги има заработено;
  • Може да донира по 15 долари на секој човек на Земјата, и пак ќе му останат 5 милиони долари;
  • Мајкл Џордан е најплатениот спортист во Америка. Ако тој не ги троши парите кои што ги заработува, ќе заштедува по 30 милиони долари годишно, но сепак, ќе му требаат уште 277 години за да стане богат колку Бил Гејтс;
  • Ако Бил Гејтс беше држава, ќе беше 37-мата најбогата држава на светот;
  • Ако претпоставиме дека Бил Гејтс ќе живее до 80 години, ќе мора да троши 6.78 милиони долари дневно, за да може да ги истроши сите пред да умре.

 

Posted in Занимливости, Почетна | Tagged , | Leave a comment

Facebook Ја Претстави Својата Прва Десктоп Апликација за Windows

Facebook десктоп апликација

Facebook десктоп апликација

Facebook и официјално ја промовираше својата прва десктоп апликација за оперативниот систем Windows. Со апликацијата Facebook Messenger ќе можете да ги гледате и да одговарате на сите активности на Facebook, вклучувајќи ги и пораките на чет, што ќе им овозможи на корисниците да се дружат со своите пријатели од десктоп. Апликацијата беше прелиминарно пуштена кон крајот на минатата година, меѓутоа она што денес беше презентирано е финалната верзија на овој нов продукт. Сега за сега, апликацијата можат да ја користат само оние кои што имаат оперативен систем Windows, но набргу се очекува апликацијата да се приспособи и за корисниците на Mac. Апликацијата е веќе достапна за iOS, Android и BlackBerry. Кога ќе го вклучите Facebook  месенџерот, ќе почнат да ви стигнуваат Ticker нотификации. Ticker е делот за новостите кој што е вклучен во страничниот дел на менито и вклучува like копче, новости од пријателите и други опции.

Posted in Компании, Новости, Почетна, Технологија | Tagged , | Leave a comment