Трошете Пари На Нешта Кои Навистина Ги Сакате

Трошење пари

Вредноста на парите

Еднаш еден умен човек ми даде многу убав совет: “Слободно троши ги парите на нешта од кои што добиваш голема вредност, но во исто време скрати ги другите трошоци”. Ми остана овој совет во сеќавање бидејќи е позитивен. Кога некој ќе ви даде финансиски совет обично НЕ ТРЕБА да правите нешто, па секогаш негативните совети водат кон идејата дека за да имате успех со парите, морате да се откажете од многу работи. Ова тврдење не е точно. Мала дисциплина секако дека нема да му наштети никому, но помислата да се откажете од секаков вид трошење, ги наведува луѓето да остават се и да се откажат. Тогаш, како да дознаете на што навистина вреди да ги потрошите вашите пари? Погледнете на тоа од друга перспектива. На пример, некој може да каже “За мене е вредно да поминувам повеќе време со семејството, па затоа ќе ги потрошам моите пари за да ја однесам мојата фамилија на зимување, за да се одалечам малку од секојдневните проблеми”. За некој можеби времето е вредно кога го поминува работејќи, па затоа ќе ги потроши своите пари за да нарача пица од ресторан, отколку сам дома да си зготви и да изгуби вредно време. Само вие самите знаете што е вредно за вас. Ако сеуште не сте сигурни, најдете време да размислите и насочете ги вашите приходи кон тоа. Но, што ако имате повеќе важни работи на кои би сакале да потрошите пари? Некои од нас имаат многу интереси и пасии, така што, кога би почнале да трошите пари на секое едно нешто, тогаш несомнено ќе останете без скршен денар во џеб. Затпо, најдете си баланс во своите интереси и поставете си приоритети, како што велат постарите, се во свое време. Фокусирајте се на нешто што во моментов ви е поважно од другите нешта, изгустирајте го, па потоа одберете нешто друго. Никогаш не се задржувајте предолго со нешто во кое веќе сте изгубиле интерес. Наместо да се мислите што да правите со голф опремата која веќе подолго време не ја користите, продајте ја и инвестирајте ги парите во новото хоби.

Но, да се разбереме. Посто голема разлика помеѓу слободно трошење и игнорирање на цената. Само затоа што денес сте решиле да си купите ново парче облека за на работа, не значи дека не треба да побарате и добра цена. Нема праилно или погрешто купување. Секоја одлука која што ќе ја донесете во купувањето, ранкирајте ја во вашиот систем на вредности за нештата.

Posted in Бизнис, Потроши умно, Почетна | Tagged , | Leave a comment

Најскапиот Хотелски Апартман

Најскапиот Хотелски Апартман

Најскапиот Хотелски Апартман

Патувањето секогаш претставува добар изговор за трошење пари, и доживување незаборавни искуства, а за да доживеете такво нешто, многу е важен и вашиот избор на хотел. Доколку сте екстремно богати, и сакате на доживеете хотелско искуство како никогаш досега, тогаш ви предлагаме да отседнете во најскапиот хотелски апартман на светот. Сигурно сте се прашувале колку би ве чинел таков престој. Цената не е ни помалку, ни повеќе, туку $53.000 на вечер. Овој хотелси апартман се наоѓа во Женева, Швајцарија, а се води под името Кралски Апартман во Хотелот “President Wilson”. Доколку некогаш се осмелите да престојувате во овој кралски апартман, ќе имате панорамски поглед на Женевското Езеро и планината Мон Блан. Вратите и прозорците се отпорни на куршуми, па поради тоа овој апартман претставува сигурно место за престој на високи државни фукционери или познати личности. Овој апартман е сместен през целиот последен спрат на хотелот, со приватен лифт и дванаесет соби со најразлични луксузи, како соба за билјард, библиотека, пијано од марката Steinway, како и приватен фитнес центар. Па, и не е толку лошо за $53.000, нели?

Posted in Занимливости, Почетна | Tagged , | Leave a comment

Како Да Заработите Преку Интернет?

Начини на заработка

Начини на заработка

Постојат безброј начини како да заработите пари преку Интернет, а тоа се должи на фактот дека овие денови секој од нас сака да научи како да заработи пари без работа:). Некои од овие работи се законски и може да се заработи добро, но исто така постојат и работи од кои може да заработите брзи пари, но на нелегален начин. Иако постојат многу начини на заработка, повеќет од нив не се баш лесни и не се заработува брзо, но тоа не значи дека треба да се откажете. Како и за секоја работа, потребно е одговорност и дисциплина. Да, можеби ќе налетате на некоја работа која што полесно се извршува од другите, но ако навистина сакате добро да заработите, треба навистина да се потрудите. Ако сте спремни да вложите време и труд во тоа што го правите, може веднаш да почнете со некои од начините на заработка, со што би заработиле нешто екстра. Овде ќе ги наброиме легитимните начини на заработка од дома, преку Интернет.

  1. Продавајте форографии. Ако ве интересира фотографирањето, и ако сте доволно креативни за да направите интересни фотографии, постојат многу страници каде што можете да ги прикачете вашите фотографии и да добивате пари секогаш кога некој ќе посака да симне некоја од вашите фотографии. Добрата страна на оваа работа е тоа што една фотографија може да се продава неограничено.
  2. Споделувајте документи. Постојат неколку добри веб страници каде што  можете да споделувате документи. Вашата работа ќе биде да прикачете документи, а принципот на заработка е ист како и кај фотографиите, секогаш кога некој ќе посака да го симне вашиот документ, вие заработувате. Документите можат да бида во различен формат, од txt до pdf.
  3. Станете мистериозен купувач. Иако сеуште нов начин на заработка, сепак полека почнува да се шири и многу голем број од компаниите имаат потреба од лица кои ќе бидат ангажирани да купуваат, со цел да се оценат нивните вработените и услугата која што ја пружат на своите клиенти. Вашата задача би била да купите нешто, па после тоа да дадете извештај за вашето искуство со продавачот. Се разбира, тоа што ќе го потрошите на купување, ќе ви биде вратено. Понекогаш, производите кои што сте ги купиле, можете да ги задржите.
  4. Продавајте на eBay. Скоро секој од нас има искуство во нарачување од eBay, но дали можеби сте размислиле да се најдете во обратна улога, на продавач? Кога ќе размислите подобро, тоа и не е толку лоша идеја. Доколку најдете партнер со кој што би соработувале, уште подобро, но исто така, разгледајте низ вашиот дом и гаража, сигурно ќе пронајдете многу работи кои што не ги користите, па наместо да ги оставите да фаќаат прашина, можете да ги продадате по фер цена.
  5. Дизајнирајте логоа. Стотици нови веб страници излегуваат секој ден. На повеќето од нив им е потребно добро лого, но не секој знае како да го направи тоа. Ако знаете да работите во Photoshop, тоа е прекрасна прилика за заработка. Истите можете да го понудите на безброј форуми и веб страни за реклами.
  6. Станете виртуелен асистент. Како што секој ден излегуваат нови бизнис можности, така се зголемува и потребата за виртуелните асистенти. Компаниите ги користат асистенитите за пребарување, проверување податоци, пополнување податоци и слично. Отворете си блог или веб страница, каде што ќе можете да ја понудите оваа услуга.
  7. Хостирајте веб страници и форуми. Можете да користите софтвери како SebFlipper за да хостирате безброј форуми од еден сервер. На овој начин ќе заработите со наплаќање за годишен хостинг, или пак истиот може да го понудите бесплатно, доколку клиентот се согласи вашата реклама да се прикажува на нивниот форум.
  8. Инсталирајте апликации. Ќе се изненадите колку е голем бројот на компаниите и индивидуалци, кои што имаат проблем со инсталирање апликации. Доколку сте добри во тоа, зошто да не ја искористите таа вештина за да им помогнете на другите, а на себе?
  9. Блогирајте. Блогерајството е доста популарно, а за да поставите свој блог, потребно ви е помалку од еден час. Постојат многу бесплатни платформи на кои што ќе можете да го поставите својот блог за почеток, а подоцна можете да си плаќате хостинг и домен. Можете да блогирате за што сакате, без разлика колку бизарна и невообичаена е вашата тема. Секогаш ќе се најде публика за вашата содржина. Од вашиот блог можете да заработите со поставување реклами од Google AdSense или пак преку affiliate програми. Како и да е, блогерајството одзема многу време и труд, па затоа мора да имате трпение.
  10. Станете модератор на форум. Форумите се уште еден начин на добра заработка. Сигурно веќе сте член на некој форум и знаете како сето тоа функционира. Зошто да не започнете ваш форум, каде што луѓето ќе можат да зборуваат на најразлични теми и да разменуваат идеи и искуства. Можете да заработите од прикажување реклами. Па, доколку форумот ви стане популарен, можете да наплаќате чланарина.

 

 

 

Posted in Бизнис, Идеја за бизнис, Почетна | Tagged , , | Leave a comment

Кредит

Кредитот претставува должничко доверителски однос помеѓу банката и клиентот.

Posted in Uncategorized | Leave a comment

Инфлација

Инфлацијата претставува тренд на постојано зголемување на општото ниво на цените во одреден временски период. Постојат четири видови инфлација во зависност од нејзиниот интензитет:

  • Ниска инфлација (со годишна стапка до 3%)
  • Умерена инфлација (со годишна стапка од 10% до 50%)
  • Висока инфлација (со годишна стапка која надминува 50%)
  • Хиперинфлација (со годишна стапка од 13.000% односно 50% просечна месечна стапка)


Posted in Терминологија | Tagged | Leave a comment